Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за култура за пренесување на правото на реконструкција, доградба и надградба на објектот Универзална сала во Скопје, со што ова право се пренесува од Град Скопје, на Министерството за култура.

-Владата го задолжи Министерството за култура, по приемот на целокупната документација од Градот Скопје, да ја согледа проектно – техничката и финансиската документација за реконструкцијата на објектот на ЈУ Универзална Сала и за потребните финансиски средства да обезбеди согласност за преземање на обврски на буџетски корисници за наредни три години (2024, 2025 и 2026 година), соопштуваат од Владата.

Владата ја задолжи министерката за култура да го склучи доставениот текст на договор за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни во врска со реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје.