Дозволата на општество на Љупчо Палевски Палчо да биде застапен во јавниот простор, да креира мислење, да формира партии е нешто што не требало да се случи воопшто. На Палчо преку еден портал Инфомакс, ден за ден му се дозволуваше да штити најбрутална омраза кон сите, да шири говор на омраза, да шири расна, верска омраза, да се искажуваат најгнасни зборови, да се повикува на линчови е сосема неприфатливо, нешто што требало веднаш да се спречи, рече Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО – ДПМНЕ на вечерашната емисија Само вистина што се емитува на телевизија Канал 5.

Пандов се осврна и на начинот на комуникација меѓу Палчо и останатите лица од Инфомакс.

„Палчо им велеше на Александар и Милош чичини, тоа личи како да му се деца кои ги подучува. И ако некој не реагираат на тоа што таму се случува или дела оттаму се шири омраза, се повикува на омраза, се зборува со погрдни зборови за сите неистомисленици, може да ни се случи нов Палчо. Доколку надлежните институции не преземат нешто за случувањата околу тој портал може да биде уште полошо“, рече Пандов.

Пандов укажа дека треба да се реагира за порталот Инфомакс, ама и за политичката партија Десна за која како што рече треба да се забрани.

„Треба да се види кои се луѓе членуваат таму, затоа што очигледно е дека сите тие се затруени. Гледате сите учесници во монструозното убиство на Вања се дел од таа група“, кажа Пандов.

Според него треба да се стави ред и во медиумскиот простор.

„Да, треба ред во медиумскиот простор, ако тие воопшто се медиум бидејќи Инфомакс не личи на ништо, а најмалку на медиум. Лицата оттаму сеат само омраза и затоа треба да се интервенира, тоа што се случува таму е недозволиво“, укажа Пандов.

Да заклучам, рече Пандов, ако и во иднина се остават да функционираат вакви портали, во случајот Инфомакс, во кои главна улога имал Палчо или во кој како што се гледа ги подучувал лицата од Инфомакс ќе значи дека ништо не сме научиле како општество.