Цветанка Иванова, Арбер Адеми, Ремзи Мехмеди, за сега се и официјално познати имиња кои партиите од владината коалиција ќе ги номинираат да учествуваат во работната група за уставните измени а рокот за номинации истекува до вечерва на полноќ.
Свој претставник ќе испрати и Беса а познато е дека од кабинетот на шефот на државата Пендаровски веќе е избран професорот Александар Споасов. Од експертските имиња се спомнуваа и судијката Маргарита Цаца Николовска, Рената Десковска, Светомир Шкариќ, акадамик Владо Камбовски но дел од нив веќе посочија дека нема да бидат дел од првата фаза но велат кога ќе дојде време ќе дадат свое гледиште по однос на изготвените уставни амандмани.
За својот партиски претставник денеска и официјално потврдија и од Бихаќка.
Дел од останатите партии пак потврдија дека нема да учествуваат во тие работни групи како Левица, ДС, СПМ, Алтернатива и најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ чии лидер Мицкоски во неколку наврати посочи дека во оваа фаза нема потреба од работни групи.
Официјално сите имиња кои ќе учествуваат ќе бидат целосно допрецизирани и утре за што ќе информираат и од министерството за правда кои доставија до сите политички чинители официјален документ.
Дел од партиите одговорија позитивно, а дел не. А и премиерот Ковачевски денеска посочи дека ова нема да биде единствен случај кога ќе биде потребно дво третинско мнозинство на патот кон евроинтегративните процеси затоа ги повика и денеска сите политички партии и нивните лидери да дадат свој придонес на овој пат по кој се движи земјата.