Целта на законот е воведување на ефективен и ефикасен систем на осигурување преку Фонд за задолжиително осигурување во земјоделството.

-Република Северна Македонија почна да развива инструмент за поддршка на осигурувањето во земјоделството во 2008 година преку програмите за директна финансиска поддршка. Во изминатиот период штетите кои настана во земјоделството, а се предизвикани од временски непогоди во одреден процент беа исплаќани од Буџетот на Република Северна Македонија кај земјоделците кои не си го осигуруваа производството. Предложениот систем има за цел да ги замени постоечките ад-хок шеми за помош по катастрофи со решенија за осигурување на посевите и добитокот на државно ниво. Предлозите за системско решение со воспоствување на Фондот за земјоделско осигурување се во насока на унифицирање на надлежностите и постапките при настанувањето на штетите во земјоделството од неповолни климатски настани по еден законски основ, преку изработка и донесување на сила на Закон за задолжително земјоделско осигурување, соопштуваат од Министерството.