Министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски директно од Њујорк се упатија на опожаремите места каде со Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов ќе направат увид на состојбата.

Досега припадниците на Армијата од утринава се вклучија во гаснењето на пожарите во неготинскиот регион и се во координација со сите инволвирани субјекти во моментот.

Тие интервенираат на посочените критични точки на многу тешко пристапен терен на планината Серта со цел локализирање на пожарот и негово ставање под контрола.