Во организација на Секретаријатот за европски прашања во Скопје ќе се одржи состанок на министрите за европски прашања на земјите-учеснички на процесот за соработка на југоисточна Европа. Годинава Македонија претседава со оваа регионална организација.

Мотото на претседателството е „премостување поделби-градење доверба“, со вклучување на приоритетите за помирувањето, регионалната соработка и забрзување на евроатлантските интеграции. Процесот за соработка е основан во 1996 година и е најсеопфатен формат во регионот, со оглед дека ги вклучува сите 13 држави од југоисточна Европа.