Најниска утринска температура од минус осум степени Целзиусови е измерена во Берово, додека речиси на целата територија на државата се регистрирани минусни вредности, информира Управа за хидрометеоролошки работи.
Минусни температури низ земјава
Температура од минус 6 степени е измерена во Скопје-Петровец, како и во Струмица, Битола, Крива Паланка, Штип, Прилеп и Демир Капија. Минус 4 степени се регистрирани во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес, Кавадарци и Виница, додека минус 3 степени се измерени во Охрид, Претор, Куманово и Маврови Анови. Највисока утринска температура е измерена на Попова Шапка со 0 степени, а минус 1 степен е регистриран во Гевгелија и Крушево.
Временска прогноза за денеска
Според УХМР, денешниот ден ќе биде претежно сончев, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен, а повремено и силен северен ветер, со брзина поголема од 60 километри на час. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 4 до 10 степени Целзиусови.
Времето во Скопје
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец, додека максималната дневна температура ќе достигне до 7 степени Целзиусови.
