Утрово најниска темепратура од -3 степени е измерена во Берово, на Попова Шапка и во Лазарополе. Следат Маврови Анови со -2, -1 во Крива Паланка и Крушево, 0 Скопје-Петровец, Претор, Битола, 1 Тетово, Прилеп, Демир Капија, 2 Охрид, Виница, Куманово, Дебар, 3 Штип, Струмица, 4 Скопје-Зајчев Рид, 6 Дојран и 8 степени во Гевгелија.

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степена.

Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 20 степени.