Македонија во петок на “Олимпико“ во Рим, ќе ги одмери силите со силната селекција на Италија, во претпоследниот меч од квалификациите во групата – Ц за пласман на ЕВРО 2024.

Познато е дека Македонија на последните два меча, во Торино, Палермо и Скопје нема пораз од „аѕурите“, има една победа и две ремија.

Пред натпреварот, изјава дава и Бојан Миовски, нашиот напаѓач:

„Секогаш е одлично кога се игра против врвни репрезентации. Мислам дека ова е вистинското време, немаме никаков притисок, а имаме одлични резултати со Италија на последните натпревари. Одиме да се надигруваме, треба да ги чекаме нашите шанси, нормално е тие да имаат поголем посед и контрола врз играта, но ќе се обидеме да ги изненадиме“.