Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски утрово беше на празнична литургија во населбата Радишани, заедно со градоначалникот на Бутел Дарко Костовски.

Тој сподели и фотографии на Фејсбук од настанот како и посака овие празнични денови да донесат многу здравје, љубов и хармонија на сите.

„За многу години празниците !!!

Денеска заедно со градоначалникот Дарко Костовски имавме убава можност да присуствуваме на празничната литургија во манастирот “Свети Наум Охридски” во населбата Радишани во Бутел.

Да посакаме убави мигови во овие празнични денови на секоја фамилија, нека молитвите донесат многу здравје, љубов и хармонија кон сите. ❤️🙏“, стои во неговиот пост на Фејсбук.