Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба со в.д. амбасадорката на САД, Никол Варнс.
На средбата се разгоарало за стратешкото партнерство и одбранбената соработка помеѓу двете земји, како и за заедничката посветеност кон безбедноста и стабилноста во рамки на НАТО Алијансата.
-Ја потврдивме силната македонско-американска соработка и продолжуваме активно да работиме на модернизацијата и развојот на одбранбените капацитети, со фокус на унапредување на интероперабилноста и подготвеноста на Армијата. Македонската Армија се модернизира со нова и современа опрема, вклучително и софистицирани возила и системи од американско производство, со што инвестираме во уште посилна, поопремена и поефикасна Армија, истакнува Мисајловски.
