Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска заедно со генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски беше во посета на општинските комитети во Петровец и Чучер Сандево.
Мисајловски објави дека во победничка атмосфера поделиле членски книшки на ажурирани и нови членови.
-Македонскиот народ со нетрпение ги очекува наредните избори да излезе во најголем број досега и да ја казни оваа власт и да ја прати во заборав. Овие избори, ВМРО -ДПМНЕ ќе ја има најголемата победа во историјата на Македонија. Сите заедно кон нови победи, да живее Македонија, објави Мисајловски.
На средбите во Петровец присутни беа и пратеничката Марија Петрушевска и градоначалникот Борче Митевски, додека во Чучер Сандево беше и претседателот на ОК, Зоран Баевски.