Припадници на специјалната едница на МВР повторно прават претреси во затворот „Идризово“ во кординација со затворската управа.

Како што известува „Макфакс“, блокирани се сите влезови и излези на полуотвореното и отвореното одделение, односно новиот дел на затворот.

Неофицијално, станува збор за справување со осуденици кои биле дел од нарко група која сега е проблематична за контролирање од страна на управата. Наводно, повторно се бараат недозволени предмети како дрога, телефони, пари.