Потпретседателот Мисајловски потенцираше дека не треба политичарите да зборуваат за мерките за ковид пандемијата, туку дека најдобрите и најквалитетните луѓе да седнат и да помогнат за да се подобри состојбата во државата.

-Јас како политичар не треба да го говорам ова, туку треба најквалитетните луѓе да седнат и да бидат прифатени од министерството за здравство и да помогнат. Не треба политичарите да кажуваат што и како треба да се прави во оваа пандемија, туку нека дојдат најдобрите луѓе, независно од која партија се или да не се од партија, бујрум нека помогнат. Така се гради држава, за вакви прашања треба да ги прашате тие што се квалитетни и тие што најмногу знаат. Јас мислам дека само така ќе имаме подобри мерки и се разбира граѓаните ќе имаат релаксирана ситуација во целото општество, смета Мисајловски.

Мисајловски потенцираше дека власта секогаш кога е фатена во тесно, го обвинува народот дека е виновен, односно како што рече тој тоа е нешто најнеодговорно што може да го направи една власт.

-Постојано како власт да префрлате дека народот е неодговорен, тогаш тоа е најнеодговорно нешто што може да го направи некоја власт. Значи не може народот да ви биде крив за се, но гледаме често пати кога власта е фатена во тесно, најчесто е крив или народот, или некој друг, само власта никогаш не е крива, истакна тој.