-Кога сите мислеа дека навидум ќе направат не знам некоја нова Влада, некоја реформска Влада, нели долго време зборуваат дека го слушнале гласот на граѓаните и ја примиле пораката, не знам какви пораки примаат но очигледно оваа порака не е од граѓаните. Бидејќи оваа Влада е некој селотејп, истрошена Влада од стари кадри, навидум да се прикажат како нови кадри. Не знам дали Оливер Спасовски после седум години е нов кадар? Не знам што има постигнато нешто епохално во Македонија овие седум години за да повторно биде еден од главните играчи на оваа новата т.н. влада. Изгледа Димитар Ковачевски ќе биде новиот само во целата Влада, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Мисајловски додаде дека чудно е што и Славјанка Петровска кадара на Оливер Спасовски ќе стане министер на одбрана.

-Ако ова е најквалитетното на СДСМ со не знам пратеничката што има исто така епохално достигнување во скафандер што дојде во Собрание, не знам Маричиќ со што ќе се пофали во ресорот правда и сите други. И наеднаш прават некоја сензација овие два – три месеци дека нешто е свежо, дека нешто е ново, но пак ќе кажам селотејп, залепено, прилепено тоа што го имале и жално е ако е оваа најквалитетното од СДСМ, ова е очајно, нагласи Мисајловски.

Мисајловски посочи дека тој е убеден дека има други поквалитетни луѓе во СДСМ.

-Дали не смеат да бидат, тоа е многу интересно прашање. Можеби треба да бидат само послушници на некого. Дали Оливер Спасовски сам си составувал дел од Владата, дали овој Николовски мора да биде во Владата за да му биде десната рака се уште на Зоран Заев. Дали треба бизнисите преку граница, преку МВР повторно да тераат за некој да биде буден цело време бидејќи цело време седум години тоа го прави, зборувам за тој што е на чело на МВР, запраша Мисајловски.

Мисајловски додаде дека оваа Влада е очајност на СДСМ.