Во вечерашното издание на дебатната емисија „Што не е јасно?” во Алфа телевизија, гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој зборуваше за моменталната политичката ситуација, блокадите организирани од ВМРО-ДПМНЕ, како и целта на истите во однос на тајните преговори и распродажби од страна на Заев и Бучковски во договорот со Бугарија.
Мисајловски потенцираше дека блокадите кои ВМРО-ДПМНЕ ги организира мора да се случуваат, бидејќи во овој момент најважно нешто е договорот со Бугарија, односно распродажбите кои Заев и Бучковски се подготвуваат да ги направат. Ние го повикуваме народот да го чуе тоа, бидејќи подоцна ќе нема шанса за поправање на огромната штета, додава Мисајловски.
Заев многу пати изминатите години лажеше дека идентитетот е бетониран, односно дека Македонците немаат за што да се грижат, но сите се уверивме дека тоа се само ноторни лаги и манипулации. Министерот Османи избегнува да одговори на многу прашања, но вети дека во среда ќе се појави и ќе даде одговор на прашањата на пратениците и сите граѓаните кои сакаат да ја дознаат вистината, истакна Мисајловски.
Ние како ВМРО-ДПМНЕ се извинуваме на граѓаните за метежот кој што го предизвикуваме, но сакаме граѓаните да знаат дека тоа го правиме со цел да се заштити народот и државата, додека овие двајца политичари на бескрупулозен начин си поигруваат со чувствата на граѓаните и се она што ја тишти Република Македонија, вели Мисајловски.
Според Мисајловски, се соочуваме со криминогени и несериозни политичари кои што не ја чувствуваат државата за своја, а тоа го докажуваат со своите постапки, бидејќи се спремни да тргуваат со се и сешто, па дури и со македонскиот идентитет.
Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме за преговори и за договори, но никако по цена на македонскиот идентитет. Токму затоа со блокадите сакаме да кажеме дека нема да отстапиме и ќе се бориме се додека власта не го чуе народот, завршува Мисајловски.