До 2030 -та Европската унија мора да биде подготвена за ново проширување. Ова е клучната порка која претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ја испрати од бледскиот стратешки форум.. но освен тоа, тој предлага и воведување на т.н. “клаузула за доверба“ – односно секоја нова членка на Унијата да се обврзе дека нема да ги блокира своите соседи.

Пораката за ново проширување на ЕУ но и тоа дека Унијата ќе го валидизира секој напредок на земјите од Западен Балкан е охрабрување, порача премиерот Димитар Ковачевски од Блед, нагалсувајќи дека над 80 проценти од македонските граѓани се за членство, но исто толкав процент се против блокадите кои доаѓаат токму од земји членки на Унијата.

Пораката која од Блед ја упати бугарскиот премиер Николај Денков пак јасно укажува дека промената на уставот е едиснтвената можност за продолжување на евроинтеграциите на Македонија. На долгиот евроинтегративен пат не само на земјава, туку и на сите држави од регионот во својот говор се осврна и српската премиерка Ана Брнабиќ.

Ковачевски во Блед е придружуван од вицепремиерот Маричиќ и министерот за надворешни Османи, кој од Словенија порача, пак, дека е убеден оти процесот за уставните измени ќе биде успешен и ќе заврши во наредните месеци. Стратешкиот форум во Блед продолжува и утре.