Дејан Митески, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Аеродром е во убедливо водство по денешното гласање. Сепак, во Аеродром ќе има гласање и во втор круг, а Митески во вториот круг не успеа да влезе за мал број на гласови.
Тој се заблагодари на аеродромци за убедливата победа и голема поддршка.
Ви благодарам од срце за довербата. Поддршка со над 16.000 гласови и повеќе од 9.700 гласа разлика од второпласираниот. Во периодот што предстои ќе работиме уште посилно, блислу до секој еден и ќе имаме можност да ги презентираме сите проекти кои ќе го направат Аеродром наш заеднички дом со кој ќе се гордееме. Аеродром денес избра иднина, напиша Митески.