–Една од првите работи е да падне објектот пред Мавровка. Заради тоа што е дивоградба и ќе направиме се како влада, разработивме идеи, верувам дека ќе ги утврдиме со правните прописи во државата,- изјави Зоран Заев, тогашниот мандатар за составување на Влада. Неговиот апологент, Петре Шилегов ја продолжи темата со изјава дека преку вакви ситни примери ја гледаме нивната решеност правото да важи подеднакво за сите, вели Митева.
Посочува дека идеите на Заев и решеноста на Шилегов кај трговскиот центар Мавровска резултираа со нов, реконструиран објект кој денес претставува засолниште на функционерите од власта. Партиите на власт континуирано ја заматуваат линијата помеѓу помеѓу државата и партијата.
Правда и правичност од Заев и Шилегов нема, има само логична дилема до кога ќе ги потценувате скопјани, до кога ќе ги потценувате нашите сограѓани?
На локалните избори во октомври изборот е јасен, имаме можност да ги промениме работите. Да ставиме крај на лагата, неспособноста и градежното дивеење. Почитувани граѓани, да го запреме нискобуџетниот театар на Шилегов и СДСМ.