Таа додаде дека со секој негов изминат ден како градоначалник Скопје, Скопје претрпува нови бламажи, а последниот дострел на неговата неспособност е катастрофалната реконструкција на кејот.

-Прва фаза беа уништените и исечени зелени појаси во градот, втора фаза се бетонираните дрва на кејот. Откако го исече дрворедот на „Орце Николов“, сега на кејот имаме бетонирани дрва. Срамни и жални беа сликите кои вчера беа објавени. Да не беше силната реакција на скопјани, Петре можеби ќе ги отстранеше и овие дрва со образложение дека се стари и опасни. Другата страна од приказната е реконструкцијата на кејот која чини 1,5 милиони евра. Уште не e завршена реконструкцијата, но веќе патеката е распукана. Скоро секоја втора плочка е оштетена, а нивната вредност не е ништо поразлична од претходните енормно високи цени на урбаната опрема. Во месеците пред избори Шилегов нема со што да ја побара повторно довербата од скопјани, па очигледно само му е важно да го раскопа и уништи Скопје, па не го интересира ни скапата цена, ни очигледниот неквалитет, истакна таа.

Митева подвлече дека сјајот на Скопје сепак може да се поврати.

– Ќе го вратиме сјајот на Скопје со многу работа и посветеност! Скопје и скопјани заслужуваат да се гордеат со својот град, а не да се срамат како овие четири години.