Постапувањето на Јавното обвинителство во следниот период треба да биде брзо и експидитивно. Колку што е важно навременото постапување од страна на надлежните институции, толку е важно и утврдувањето на одговорност со цел никогаш повеќе да не се случуваат вакви состојби, изјави денеска владината портпаролка Марија Митева во однос на случувањата во Гостивар каде е прогласена епидемија по зголемениот број на пациенти со стомачни тегоби.
Митева на прес-конференцјата во Владата рече дека надлежните институции постапиле навремено и дека е важно и брзото и ефикасно постапување на Обвинителството за да се утврди одговорност.
– Можев да видам дека надлежните институции постапувале со согласност со она што е нивна надлежност, дури и во рекордно време да зваршат обврски кои во голема мера се надлежност на локалната самоуправа. И за водоснабдувањето на жителите во општина Гостивар во случај на епидемија или во сучај на прогласена состојба од страна на АХВ за забрана за водата за пиење, надлежна е Општината да обезбеди непречено снабдување со вода, рече Митева на заедничката прес-конференција со министерот за здравство и директорите на Институтот за јавно здравје и на Службата за општи и заеднички работи при Владата.
