Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Париз „многу брзо ќе биде муслимански град“, откако за насилните немири во Франција повторно ги обвини имиграциите и францускиот претседател Емануел Макрон.
„Како што знаете, Париз многу брзо ќе биде муслимански град, а тоа не беше договорот“, им рече Трамп на новинарите пред Белата куќа, на прашањето за немирите што ги зафатија Франција во изминатите денови.
„Му реков на Емануел: затвори ги границите. Ова што се случува во Франција има врска со имиграцијата. Не со училиштата, ниту со било што друго“, рече Трамп.
