Шилегов изгуби во Скопје со разлика од 8.000 гласа, граѓаните во огромен број се определија за промени. Народот јасно даде глас против власта и против силно антивладино расположение, истакна денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Бројките го покажуваат тоа.
1. Во Општина Бутел:
Петре Шилегов изгуби со разлика од 408 гласа или (6%);
2. Во Општина Ѓорче Петров:
Петре Шилегов изгуби со разлика од 2.696 гласа или (40%);
3. Во Општина Гази Баба:
Петре Шилегов изгуби со разлика од 6.425 гласа или (79%);
4. Во Општина Аеродром:
Петре Шилегов изгуби со разлика од 6.567 гласа или (72%);
5. Во Општина Кисела Вода:
Петре Шилегов изгуби со разлика од 5.895 гласа или (81%);
6. Во Општина Карпош:
Петре Шилегов изгуби со разлика од 1.867 гласа или (20%);
Во советите на општините и во советот на Град Скопје Шилегов и СДСМ изгубија со разлика од над 50.000 гласа. И тоа:
1. Во Општина Бутел:
СДСМ изгуби со разлика од 3.617 гласа;
2. Во Општина Ѓорче Петров:
СДСМ изгуби со разлика од 2.873 гласа;
3. Во Општина Гази Баба:
СДСМ изгуби со разлика од 7.877 гласа;
4. Во Општина Аеродром:
СДСМ изгуби со разлика од 6.803 гласа;
5. Во Општина Кисела Вода:
СДСМ изгуби со разлика од 6.000 гласа;
6. Во Општина Карпош:
СДСМ изгуби со разлика од 784 гласа;
7. Во Чаир:
СДСМ изгуби со 844 гласа;
8. Во Скопје, разликата на советничките листи е 26.205 гласа во корист на ВМРО-ДПМНЕ.
-Желбата на огромното мнозинство скопјани е јасна, тие сакаат промени и поубава иднина. Тоа се гледа и по бројките кои потврдуваат дека споредбено со минатогодишните парламентарни избори на овие избори имаме нови 13.000 гласови во Скопје и тоа: Во Аеродром нови 3.800 гласа, во Кисела Вода нови 1.500 гласа, Ѓорче Петров 800, Гази Баба 3.400 и во Бутел нови 3.000 гласа. Петре Шилегов е убедливо најнеспособниот градоначалник и тоа се потврдува на овие локални избори. Затоа ве повикуваме сите вас, граѓани и партии од опозицијата да се обединиме затоа што само еден чекор не дели од промените кои ги посакуваме, но пред се ги заслужуваме. Петре Шилегов е минато за Скопје, вели Митева.