Дополнително, согласно информациите со кои располагаме, на овој дел од ул. „Орце Николов“ требало да се исечат само три дрва од овие десет за кои има дозвола за сечење согласно решението, а исечени се вкупно тринаесет, изјави на денешната прес конференција, Марија Митева портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-За ваквото манипулирање со граѓаните потребно е Град Скопје да ја достави на увид целата документација, а Шилегов треба да биде свесен дека постапувањето спротивно на Законите повлекува одговорност. Воопшто не изненадува фактот што ова решение е донесено од Кочо Стојчевски, познатиот хаус мајстор на Општина Центар, кој од страна на Шилегов беше прераспределен во Град Скопје на позиција раководител. Бројни скандали се поврзани со Кочо кој од хаус мајстор магично беше унапреден во инспектор на Општина Центар а потоа раководител во Град Скопје – вели таа.
Митева разјасни уште една дилема, за дрворедот на ул. „Орце Николов“, а тое е дека во решението е наведено дека ќе се изврши кроење на дрвата што значи нивно обликување, а не нивно сечење како што се случи на улицата „Орце Николов“.
-Додека говорот им е полн со зборови за зелено Скопје, делата им се полни со исечени стебла и руинирано Скопје. Зелените појаси во градовите значително влијаат на намалувањето на аерозагаденоста. Повикуваме на отчетност и одговорност пред граѓаните, вашето самоволие мора да запре – додаде таа.