-Институциите под раководство на власта доколку знаеле овозможиле, доколку не знаеле не го спречиле конкретниот автобус 135 пати да ја помине границата без лиценца за меѓународен транспорт. Покрај досега утврдените контрадикторности, во јавноста се јавуваат и нова дилеми. Директорот Руфат Хусеини ги исполнува законските одредби за пензионирање уште од месец март оваа година па дали неговото продолжување на функцијата е со цел да се овозможува незаконски транспорт на фирмите? Откако се случи катастрофалната незгода, директорот Хусеини изјави дека писмено ќе се обрати до Беса транс за да му овозможат инспекција, а доколку тоа не му биде дозволено дури тогаш ќе побара асистенција од МВР иако согласно законот за инспекциски надзор истото не може да го стори од причина што тој не е инспектор и не смее да врши инспекција. Надлежниот Државен инспекторат за транспорт воден од Руфат Хусеини, поранешен градоначалник на Зајас, дава образложение дека не може да влезе во Беса транс и тоа го оправдува со изјавата дека немало кој да им отвори. Оваа трагедија го покажа нефункционалниот систем кој владее во Македонија, оваа трагедија потврди дека во Македонија секоја една институција е раководена со низа пропусти во системот, со сомнежи за злоупотреби, со криминал и корупција. Јавноста заслужува да го добие одговорот на прашањето дали и колку пати досега МВР пријавила преку службени белешки до Инспекторатот за недостатоците на автобусите на Беса Транс, а од страна на инспекторатот не било ништо преземено односно не бил направен вонреден инспекциски надзор на Беса Транс. Ако МВР има доставено и само една белешка зошто не ја објави истата пред јавноста, со што Инспекторатот ќе има обврска да одговори зошто постапил спротивно на добиените белешки. Дали коалицијата СДСМ/ДУИ е поважна од животите на граѓаните? Јавноста треба да добие одговор дали е вистина дека директорот Хусеини од декември 2020 година нема дадено налог за инспекциски надзор на граничниот премин Деве Баир додека пак на другите гранични премини како Табановце, Блаце, Ќафасан и Богородица биле извршени редовни надзори од страна на инспекторите? Додека надлежните институции се препелкаат во оправдувањата, граѓаните бараат одговорност. ВМРО-ДПМНЕ бара и одговори и одговорност од власта, но и итни вонредни мерки со цел да се превенира и да не се случат слични катастрофи, истакна Митева.

Дополнителните мерки, надвор од редовните мерки, да бидат на товар на државата. Само така ќе бидеме сигурни дека сме направиле нешто да ги заштитиме граѓаните во јавниот превоз. Неодговорноста на власта ја видовме на дело и во оваа трагедија и во случајот со тетовскaта болница и за жал таа чини човечки животи, но наша должност е да ги спречиме идните несакани катастрофи, додаде Митева.