Средствата за изградба на оваа улица, во целост, се обезбедени од буџетот на општината.

Ова денес го истакна градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски.

-Освен во ова населено место, во исто време општина Петровец работи во Долно Коњари, во средно Коњари асфалтираме две улици во должина од 650-700 метри, во Сушица извршивме темелна реконструкција на училиштето и вчера имавме и свечено отворање. Исто таму направивме и нов културен дом, за него општината издвои околу 35.000 евра. Ќе продолжиме и во другите населени места, истакна тој.

Градоначалникот посочи дека се работи на целосно завршување на канализационата мрежа во населено место Петровец.

-Ни остана само уште една улица и очекувам понеделник или вторник да започнеме со поставување на канализациона мрежа и на улицата 22, посочи Митевски.