Тој е прва жртва месецов, а 17-та со тие кои починаа минатиот месец, додека од почетокот на пандемијата бројот на оние кои ја изгубија битката со опасниот вирус надминува 60 жители од двете општини, Дебар и Центар Жупа.

Моментно активни на болеста на ова подрачје се над 150 лица, иако според надлежните, реалната бројка е многу повисока, бидејќи на преглед се јавуваат само тие кои имаат потешка форма.

Во нашата болница, болнички се третираат 38 ковид пациенти, од нив 34 се на кислородна поддршка, амбулантски се лекуваат 25, додека во здравствени установи во Скопје се третираат седум наши сограѓани. Апелирам до сите кога ќе почувствуваат симптом, кој асоцира на вирусот веднаш да се јават на лекар, строго да ги почитуваат мерките за заштита и секако да се вакцинираат оние кои тоа не го направиле, истакна Баки Алили, директор на болницата.

Додаде дека денеска се аплицирани околу 200 вакцини „Синфарм”, „Фајзер” и „Астра Зенека”.

Инаку, минатиот месец на ова подрачје беа регистриани нови 357 случаи, што е висока бројка ако се има во предвид бројот на населението, а во списокот на оздравени беа внесени 143 лица.