Градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски го удри камен-темелникот на новата општинска зграда. Со големина од 860 метри квадратни оваа општинска зграда ќе ја замени старата изградена уште во 1946 година.
Финансиските средства во висина од 29 милиони и 600 илјади денари, се обезбедени од буџетот на Општина Петровец. Заедно со мештаните денеска и со претседателот, Христијан Мицкоски ја посетивме пешачко-велосипедската патека, која е во должина од 2.500 метри и ширина од три метри, која се гради од центарот на Петровец до излезот на ‘Ржаничино, рече Митевски.
Тој објасни дека значењето на оваа патека е големо бидејќи избегнувајќи ја патарината, многу возила поминуваат низ најголемите населени места, Петровец и ‘Ржаничино и со тоа ни ја загрозуваат безбедноста на сите жители на Општина Петровец, а пред се на децата кои учат Основното училиште „Кочо Рацин“ – Петровец.
Со изградба на оваа пешачката патека од 16 и пол милиони денари, кои се исто средства обезбедени од буџетот на Општина Петровец, ќе ја зголемиме безбедноста на нашите деца.
Ќе продолжиме и понатаму да работиме. Ова се два капитални објекти, проекти кои ги ветивме на нашите жители и еве само за година дена од овој мандат, веќе започнавме со реализација на истите.