Премиерот Хрисијан Мицкоски ги коментираше последните случувања со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска откако таа во живо се јавува на социјалните мрежи и открива дивоградби, главно во Општина Чаир и се „пресметува“ со градоначалникот Висар Ганиу.
Исто така Арсовска откри дека добивала и закани по живот.
„Јас го охрабрувам Јавното обвинителство да постапува по пријавите од градоначалничката Арсовска. Ние не можеме да постапуваме или да не постапуваме, и законот треба да важи за секого. Мене ми е жал ако градоначалничката добива закани по живот, и ја охрабрувам истите тие да ги пријави во МВР, а МВР да постапува по истите“, вели Мицкоски.