Воведен чекор против финансискиот криминал
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека новиот систем за е-фактурирање ќе претставува клучен инструмент во борбата против финансискиот криминал и злоупотребите на државниот буџет. Како што посочи, воведувањето на е-фактурата ќе оневозможи опстанок на фантомски фирми кои досега успевале да присвојат милиони евра преку поврат на ДДВ.
Заштита на јавните средства
„Оваа е-фактура како процедура ќе значи да нема фантом фирми коишто 90, 100, 200, 300 милиони евра ќе украдат од Буџетот и од Вас граѓаните, ако добро се применува и се работи – во што немам сомневање“, рече Мицкоски. Тој објасни дека со новата електронска контрола, ќе биде тешко или речиси невозможно да се создаваат фирми кои фиктивно ќе добиваат поврат на данок и потоа ќе бидат префрлани на фантомски сопственици.
Долгогодишен процес што добива завршница
Премиерот упати благодарност до Управата за јавни приходи, нејзината директорка и до министерката за финансии за започнувањето на процесот. Потсети дека иницијативата за е-фактурирање започнала уште во 2015 година, но поради „нејасни причини“ била постојано одложувана. „Сфативме после некои процеси коишто изминатиов период ги откривме и отворивме зошто бил одложуван. Конечно денес, после повеќе од 10 години, добива почеток“, истакна Мицкоски.
Имплементацијата на системот со софтверската компанија официјално ќе започне на 1 јули.
„Уште еднаш, нека е со среќа и да биде со успех примената и имплементацијата на оваа процедура“, заклучи премиерот.
За потсетување, ваков беше епскиот криминал на бизнисменот Крмзов.