Премиерот Христијан Мицкоски ја изрази својата поддршка на протестот кој се случи денеска, организиран по трагичната несреќа во која животот го загуби младата Фросина Кулакова. Според Мицкоски, револтот на граѓаните е апсолутно оправдан и нема дилеми. Тој додаде дека ваквото однесување на патиштата не смее да се толерира и дека мора да се воведат системи кои ќе го спречат понатамошното дивеење на улиците.
Премиерот Христијан Мицкоски -протестот и револтот на граѓаните е сосема оправдан
„Оправдан е револтот и гневот на граѓаните и тука нема дилема. Еден млад живот беше загубен поради едно лице кое се однесуваше неодговорно на патиштата,“ истакна премиерот.
Тој ја нагласи важноста на заедничката одговорност за обезбедување на безбедноста на улиците. Мицкоски го нагласи и значењето на технолошките иновации во борбата против опасните возачи.
Мицкоски истакна дека Министерството за внатрешни работи активно работи на развој на систем кој ќе детектира и санкционира диво возење. Според премиерот, целта е да се воведе систем кој ќе овозможи благовремени мерки и санкции против прекршителите на сообраќајните правила.
МВР тоа како постапка го спроведува, и наскоро ќе имаме еден таков систем којшто ваков тип на дивеење ќе санкционира. И тоа мора да се случи. Колку и да треба политички куршуми да добиеме ние, тоа мораме да го инсталираме имплементираме и да преземеме казнена политика која што ќе биде ригорозна. Затоа што и еден живот да спасиме сме ја постигнале целта, рече Мицкоски во изјава за медиуми во Стопанска комора.
сСистемот “ безбеден град“ да биде инсталиран поскоро за безбедна на граѓаните
Во однос на судскиот процес, премиерот Мицкоски се надева дека судството ќе биде ослободено од политичките притисоци и ќе го изврши своето дело по закон. Тој ја нагласи потребата од независност на судиите и обвинителите, со цел да се спречи повторување на вакви трагедии и да се реагира по назадоволството и фрустрацијата на граѓаните
-Ова е граѓански протест од незадоволството и фрустрацијата на народот и отоллно е оправдан протестот. Го поддржувам и во таа насока размислувам како премиер и како претседател на Владата. Но час поскоро треба системот Безбеден град да биде инсталиран, да функционира и сите законски измени коишто се неопходни да бидат донесени. Јас мислам дека оваа година сето тоа ќе биде ставено во функција. Жалам што годините наназад сето ова не било направено. Во овој буџет веќе се обезбедени средства, не само во градовите, туку и на клучните артерии автопатски и експресни патишта коишто ја поврзуваат државата со соседните држави, истакна Мицкоски.
Приведено лице и определен притвор
Осомничениот за ова кривично дело е приведен и му е определен притвор од 30 дена. Трагедијата со Фросина Кулакова го потресе целото општество и ја истакна потребата за поголема контрола и безбедност на патиштата, како и поефективен судски систем за справување со ваквите инциденти. Протестот продолжува, носејќи со себе силен апел за правда и безбедност.