Премиерот Христијан Мицкоски денеска кај граничниот премин Ќафасан го означи почетокот на изградбата на 400 kV далекувод Битола–Елбасан. Со овој капитален проект, Македонија по децении чекање ја затвора последната енергетска празнина и станува целосно поврзана со сите свои соседи.

Мицкоски порача дека ова не е само обична инфраструктура, туку симбол на стабилност која ќе ја движи македонската економија напред во европското енергетско семејство.

„За првпат нашата држава станува целосно поврзана со сите соседни системи. Ова значи повеќе сигурност за граѓаните, повеќе стабилност за стопанството и крај на изолацијата. Македонија веќе нема да биде на периферијата на енергетските текови, туку во нивниот центар“, изјави премиерот.