Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија на која е заедно со американскиот претседател Доналд Трамп, откако СДСМ претходно излезе со тврдење дека тој не бил поканет на традиционалниот прием за шефовите на делегациите на Генералното собрание на ОН.
СДСМ во соопштението наведе дека Мицкоски не присуствувал на приемот што Трамп го организирал на 22 септември во хотелот „Лоте Њујорк палас“ во Њујорк. Од партијата објавија и список на државници за кои тврдат дека биле поканети на настанот.
Мицкоски на својот официјален профил на „Фејсбук“ објави фотографија со Трамп и порака посветена на односите меѓу двете земји.
На фотографијата е и сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска.
„Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство.“
