Мицкоски утре ќе биде домаќин на хрватскиот премиер
Премиерот Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе го пречека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета на Македонија.
Според информациите од Владата, официјалниот пречек е закажан за 10 часот на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, каде Мицкоски заедно со министрите ќе го дочека Пленковиќ.
По пречекот, во премиерската вила ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата премиери, а потоа и владина билатерална средба во хотелот „Инекс Олгица“.
Предвидено потпишување договори и меморандум за соработка
Во рамки на посетата, двајцата премиери ќе потпишат договори за стратешка соработка меѓу Македонија и Хрватска.
Дополнително, македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија ќе потпишат меморандум за соработка.
За 12:30 часот е најавена и заедничка прес-конференција на Мицкоски и Пленковиќ.
Најавена и бизнис средба меѓу компании од двете земји
За време на престојот на Пленковиќ во земјава е предвидена и бизнис средба меѓу сопственици на компании од двете држави.
