Во Владата денеска е потпишан договор за заем со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за обнова на возен парк за потребите на ЖРСМ Транспорт АД Скопје, со што ќе се набават 5 нови електрични локомотиви.
‒ Денес зборуваме за нешто што со децении беше занемарувано, а е од суштинско значење за економијата, извозот и европската иднина на нашата државата, а тоа е железницата, рече Мицковски на обраќањето во Владата.
Со особено задоволство објавуваме инвестиции во железничкиот транспорт во износ од 21 милион евра наменети за набавка на 5 нови електрични локомотиви заедно со неопходни резервни делови. Оваа инвестиција ќе се реализира преку договор за заем помеѓу МЖ Транспорт и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).
На овој договор претходела темелна анализа за реалните потреби, функционалност и оперативноста на МЖ Транспорт истакна премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање.
