Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува и ќе се обрати на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026 во Скопје, информираат од Владата.
Форумот се одржува денеска и утре со мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, а организиран е во партнерство со Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање како една од најзначајните регионални платформи за климатска дипломатија во Југоисточна Европа.
