Самит во Тирана

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе присуствува на Самитот на лидери „Нашиот план до ЕУ“, кој се одржува во Тирана, Република Албанија.

Предвидено е премиерот Мицкоски  да се обрати на панел дискусијата насловена „Исполнување на заеднички обврски, резултати и забрзување“, каде ќе ги презентира ставовите и активностите на Владата во контекст на евроинтеграциите.