Во своето обраќање пред Атлантскиот совет во Вашингтон, премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, ја истакна важноста на заштитата на националните интереси. Истовремено ја нагласи  и обврската на владата да ја унапреди борбата против криминалот и корупцијата.

(ВИДЕО) Разговор со премиерот Христијан Мицкоски на Атлантскиот совет

Тој се фокусираше на односите со соседите, посебно со Грција и Бугарија, и ги сподели ставовите за иднината на Западен Балкан, во контекст на интеграцијата во Европската унија.

Најголем приоритет на Владата е справување со корупцијата

Мицкоски нагласи дека најголемиот приоритет на владата е справување со корупцијата. Тој посочи дека државата има силни закони, но големиот проблем е во нивното спроведување. Според него, обвинителите и судиите, кои ги носат одлуките, мора да ги почитуваат законот и Уставот, а не да бидат под влијание на политичките фактори кои ги назначуваат.

„Нашиот прв приоритет е да го смениме начинот на размислување на обвинителите и судиите. За да донесуваат одлуки согласно законите, а не според барањата на политичарите“, изјави Мицкоски.

Премиерот посочи дека оваа влада не само што не се соочила со пријави за криминал или корупција, туку и значително се истакнала во борбата против овие нелегални активности.

На пример, нашата влада е на власт речиси осум месеци, а досега нема ниту една пријава за криминал или корупција – што е реткост на Балканот, истакна Мицкоски

Тој потсети на успешниот победнички резултат на локалните избори од пред четири години. Неговата партија  ги води општините без ниту една пријава за криминал или корупција против градоначалниците.

Мицкоски испрати силна порака: „Стојте подалеку од криминал и корупција“.

Владата продолжува со напорите за примена на извештаите на Европската унија. Целта е зајакнување на правосудството и заштита на правата на граѓаните.