Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Минхен оствари средба со холандскиот премиер, Дик Схоф.

-Холандија не е само наш искрен пријател, туку и еден од нашите најзначајни економски партнери.

Добивме јасна потврда дека Македонија има силен сојузник во Холандија за нашиот евроинтегративен пат, базиран на реални резултати и реформи.

Разговаравме за холандските инвестиции кои веќе се присутни со свои производствени капацитети во Македонија, исто така и за можноста за поголема соработка и инвестиции на холандски компании во сферата на здравството.

Продолжуваме да ја градиме Македонија како атрактивна дестинација за европскиот капитал. Секоја нова инвестиција значи нови работни места и подобар стандард за нашите граѓани!, напиша премиерот.