Премиерот Христијан Мицкоски денеска во рамки на посетата на Минхен остварил средба со Тед Дојч, извршен директор на Американскиот еврејски комитет, една од највлијателните организации која децении наназад работи на јакнење на демократските вредности и унапредување на трансатлантските односи.

-Разговаравме за продлабочување на соработката, заеднички иницијативи во насока на заштита на човековите права, унапредување на меѓурелигискиот дијалог и градење општество засновано на почит, толеранција и слобода.

Нашата визија е јасна силни партнерства, јасни вредности и сигурна иднина за нашите граѓани, напиша премиерот на социјалните мрежи.