Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Lidl“ и „Kaufland“, напиша на својот фејсбук профил премиерот Мицкоски.

Разговаравме за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.

Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири.

Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава!

Мицкоски во Минхен оствари средба и со раководството на 4IG.

-Разговаравме за пакет од 100 милиони евра инвестиции, освен во телефонијата и во сферата на вештачката интелигенција и енергетиката.