Продуктивна средба и одлична дискусија со Ричард Гренел, специјален пратеник на претседателот Трамп за специјални мисии.
Стратешките односи со САД се темелот на нашата стабилност и економски развој.
​САД остануваат нашиот најголем поддржувач и стратешки партнер. Во време на глобални предизвици, зајакнувањето на ова партнерство е од клучно значење за нашата национална безбедност и економски напредок.
Градиме партнерство базирано на взаемна почит, економска соработка и заедничка посветеност на мирот и стабилноста.
Во Минхен остварив средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Разговаравме за актуелните безбедносни предизвици во Европа, за потребата од единство и солидарност, но пред сè за праведен мир.
Веруваме дека мирот мора да биде изграден врз правда, почитување на достоинството на народите. Само таков мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа.
Воедно, разговаравме и за продлабочување на соработката, економска размена и поддршка во процесите за напредок на државите. Напредокот е можен кога има визија, храброст и јасна определба.
Македонија ќе продолжи да биде глас на разумот, партнер на стабилноста и поддржувач на праведниот мир.