На 30 мај 2025 година, премиерот Христијан Мицкоски, ќе престојува во Будимпешта. Ќе учествува на CPAC конференцијата, еден од најголемите глобални собири на конзервативни лидери.
(ВИДЕО) Орбан: Да живее Македонија
Средба со Орбан пред обраќањето на СРАС
Како дел од агендата, во 13:30 часот, премиерот Мицкоски ќе се сретне со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, во рамки на билатерална средба. Средбата се очекува да опфати теми од билатерана и регионална важност, со акцент на европската интеграција и економската соработка.
Мицкоски ќе говори пред меѓународна публика на СРАС
Во 15:30 часот, премиерот ќе се обрати на една од сесиите на CPAC (Conservative Political Action Conference), каде што ќе се осврне на актуелните геополитички предизвици, регионалната стабилност и стратешките цели на Македонија.
CPAC – глобална платформа за конзервативни идеи
CPAC е конференција што редовно обединува водечки личности од политиката, медиумите и академијата, и претставува важна сцена за размена на ставови и јакнење на меѓународната соработка помеѓу десно-ориентирани движења и влади.
Следуваат повеќе детали по завршувањето на средбата и обраќањето.
Извор: Курир