Со длабока почит и искрени честитки, на српскиот народ им го честитам големиот духовен и национален празник Свети Сава, симбол на просвета, мудрост, духовност и државотворност, напиша на својот фејсбук профил Премиерот Христијан Мицкоски.
Наследството на Свети Сава претставува темел врз кој се изградени вредностите на образованието, верата, културата и заедништвото, кои и денес се силна инспирација за градење праведно, хумано и напредно општество.
Нека пораките на овој голем светител придонесат за заемна почит, дијалог, мир и стабилност, како и за понатамошно унапредување на пријателските односи и соработката меѓу народите и државите.
Среќен празник Свети Сава!
