Мицкоски: По три децении се решава долгогодишен проблем
Премиерот Христијан Мицкоски денеска се обрати од Бутел, упатувајќи порака до полициските службеници кои повеќе од 30 години работеле во несоодветни услови. Тој најпрвин им се заблагодари на медиумите за присуството и можноста јавноста да биде информирана за промените што се реализираат на оваа локација.
Нови содржини на местото на старите бараки
Мицкоски посочи дека градоначалникот и министерот за внатрешни работи ги образложиле клучните информации за тоа каде работеле полициските службеници изминатите децении и што е предвидено да се изгради на местото на старите бараки. Како што беше истакнато, на локацијата ќе се реализираат парк, културен мултифункционален дом и други содржини кои претставуваат додадена вредност за Општина Бутел, при што биле презентирани и сите технички параметри на проектот.
Благодарност за трпението и институционалната соработка
Премиерот нагласи дека дел од полициските службеници ја започнале и ја завршиле својата работна кариера во услови кои, како што рече, не одговарале на стандардите за полициска станица. Тој им се заблагодари за покажаното трпение и професионалност, како и до министерот за внатрешни работи, министерот и заменикот во Министерството за социјална политика, демографија и млади, до Општина Бутел и до сите институции вклучени во процесот. Мицкоски порача дека Владата и понатаму ќе продолжи да поддржува вакви проекти, со цел да се намали бројот на отворени инфраструктурни прашања во државата.
