Денес, повеќе од кога било, ни требаат заедништво, грижа еден за друг и одговорност кон иднината, порача премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на роденденската прослава на Општинскиот комитет на партијата во Кочани.

Мицкоски порача дека продолжува градењето на подоброто утре.

Со вера, работа и љубов кон Македонија продолжуваме да го градиме подоброто утре што го заслужуваат нашите деца и сите граѓани – стои во објавата.

Тој изрази благодарност до членовите, симпатизерите и граѓаните на Кочани за, како што наведе, топлината и гостопримството.