Не дозволивме тишината да победи, не дозволивме безнадежноста да стане стандард не дозволивме да продолжи поразот. Наместо тоа избравме да почнеме одново. Од темел. Да градиме. Со работа, не со зборови. Со дела, не со театри, порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од партиската трибина во Струмица.
-Да ги поставуваме првите тули на едно ново општество, праведно, чесно, вредно, блиско до народот.Ги зацврстивме носечките столбови што беа напукнати. Довербата, правдата, одговорноста, визијата. Почнавме со тешките темели, невидливи, но неопходни. Темели на кои ќе расте нешто трајно, одржливо, нешто што е вистинско.Ова не беше обичен почеток, ова беше почеток после долг молк. Почеток после деценија изгубени можности. Почеток кој природно изникна и дојде од народот, рече Мицкоски.
Премиерот истакна дека патот не бил лесен, но на тој пат секој ден е нова победа.
-Знам дека не е лесно, знам дека и денес животот е тежок за многумина. Последиците од погубното владеење на СДСМ и ДУИ уште се чувствуваат и во семејните буџети и на шалтерите, во болничките чекални и во училиштата.Знам дека инфлацијата што кулминираше во нивно време и под влијание на надворешни кризи и поради нивната неспособност, остави навистина длабоки траги. Системот беше осакатен и тоа не се поправа преку ноќ. Ние не се правиме недопирливи, ние сме дел од овој народ и живееме истите предизвици. Затоа и ја знаеме тежината на задачата која ја преземавме, но уште повеќе ја знаеме одговорноста. Има уште многу што треба да се направи…, рече премиерот.
Целиот говор проследете го во продолжение