Кога ќе ме прашаат од каде почнавте да работите овие 15 месеци како Влада, одговорот е тежок, но од друга страна едноставен. Велиме дека започнавме од самите темели, вели премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на народниот митинг во Богданци.

-Толку беа разрушени, разјадени и ослабени што по три децении независност и 7 години катастрофално владеење моравме повторно да почнеме од темелите на Македонија. Навистина гледам дека истите тие луѓе кои 7 години уриваа, менуваа име, устав, крадеа, распродаваа историја, изнесуваа милиони, истите ги има фатено колективна амнезија и излегуваат и коментираат, обвинуваат и лажат. Кај нив има огромно отсуство на срам и тоа говори дека не само што не ја научиле лекцијата, туку ја потценуваат интелигенцијата на народот и повторно сакаат да го излажат со истите фрази, истите зборови, рече Мицкоски.

Тој посочи дека Заев ветуваше живот, а неговиот наследник ветува среќа.

-Нивната комоција се должи освен на отсуството на срам и на желбата за моќ, пари и богатење на грбот на народот, рече Мицкоски.