Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова приватна инвестиција во енергетскиот сектор – когенеративна централа.

-Би сакал да ја искористам оваа прилика да му честитам на сопственикот на овој објект, којшто ќе биде наскоро, денеска пуштен во употреба. Приватна инвестиција во делот на енергетиката, когенеративна централа. Што значи когенеративна централа? Дека во исто време ќе произведува и топлина за затоплување на домовите на граѓаните, но истовремено ќе произведува и електрична енергија. Нешто што навистина претставува успешен проект, особено имајќи ги предвид предизвикувачките времиња коишто ни престојат оваа зима. Можевме да го разгледаме самиот објект, да се увериме во тоа што е инсталирано, во гасните мотори, во автоматиката, во сè она коешто инвеститорот го подготвил за следната грејна сезона. Се запознавме со неговите планови за проширување на инвестицијата, изјави премиерот Мицкоски.

Мицкоски истакна дека Владата ќе продолжи да ги поддржува ваквите инвестиции во енергетскиот сектор.