Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицковски вечерва е во општина Маврово и Ростуше за поддршка на кандидатот за градоначалник за општината на локалните избори кои ќе се одржат во недела на 11 јануари.
Вечерва сме во Маврово и Ростуше со силна енергија, јасна визија и искрена поддршка за Онер Јакупоски – Кандидат за Градоначалник за Општина Маврово и Ростуше, истакна Мицкоски.
Мицкоски во објавата нотира: „Со искрена поддршка покажуваме дека кога сме сплотени и обединети, можеме многу повеќе. Заедно градиме надеж, доверба и развој за секое семејство“!
